Младинците загубија од Полска, ќе играат за 19. место на ЕП
Полска во еден неизвесен натпревар славеше минимална победа со 33-32. Во натпреварот за 19-тото место ќе играме против поразениот од пресметката помеѓу Србија и Летонија.
Најдобар во нашите редови беше беше Марин Крстевски со седум постигнати гола, шест додаде Христијан Гурмашевиќ, додека на спротивната страна Јакуб Тжасковски средбата ја заврши со шест постигнати погодоци.