Додека Тухел вели дека мечот за трето место е бесмислен, Дешан е ептен сериозен!
Франција загуби од Шпанија, а Англија со луд пресврт беше елиминирана од Аргентина.
Двете селекции не се во добро расположение, но ќе мора да го одиграат натпреварот за третото место.
Томас Тухел рече дека овој меч е бесмислен, бидејќи целта е да се освои трофејот, а оние кои ќе играат за третото место се две демотивирани селекции кои пред себе имаат меч кој им е само обврска.
Но, таа обврска Дешан ја сфаќа сериозно. Според „Л'Екип“, селекторот не им дал на фудбалерите слободна вечер во Мајами, од нив барал комплетен фокус на мечот за третото место.
На Дешан очигледно му значи на кој начин ќе се опрости од репрезентацијата. За него овој меч ќе биде последен како селектор.