Марко Ѓорѓиевски се врати во македонскиот фудбал!

Марко Ѓорѓиевски по една сезона помината во Романија каде што го носеше дресот на Хермштад се враќа во македонскиот фудбал.

Во новата сезона Ѓорѓиевски ќе го носи дресот на Шкендија која го потврди ангажманот на 26-годишниот голгетер и поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Пред епизодата во Романија, Ѓорѓиевски во Македонија беше дел од: Шкупи, Академија Пандев и Борец, собираше искуство и во Србија во екипите на Раднички и Вождовац.

Шкендија за него нема да плати отштета бидејќи Ѓорѓиевски пристигнува како слободен агент откако го раскина договорот со Херманштад.