Сензационална најава: Нејмар се враќа во тимот каде што имаше најголеми успеси!

Бразилскиот репрезентативец Нејмар би можел да се врати во Барселона - сензационална вест која од утрово ја пренесуваат шпанските медиуми.

Тој, според нив, наводно веќе разговарал со претседателот на актуелниот шампион на Шпанија, Жоан Лапорта, за враќањето на „Камп Ноу“. Нејмар седум години играше за каталонците и тоа во периодот помеѓу 2010 и 2017 година, освои сѐ што можеше да се освои, одигра 186 натпревари на кои постигна 105 гола со 76 асистенции. Потоа се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, а од таму минатото летово се пресели во саудискиот тим Ал Хилал, каде што има астрономска плата од 150 милиони евра по сезона.

Таму, по само пет натпревари на кои постигна еден гол со три асистенции, ги повреди предните вкрстени лигаменти на левото колено и ја заврши сезоната. Според Шпанците, најреално е да се очекува враќање на Нејмар во Барса, но не сега туку во летото 2025 година, кога му истекува договорот со Ал Хилал. Причината за тоа се финансиските проблеми во каталонскиот клуб поради кои има ограничен буџет за трансфери и плати.