Сеир на годината: Шпанија имаше тики-така, сега има – тик-ток! (ФОТО)

Шпанија како и на секое големо натпреварување доаѓа со највисоки амбиции, како еден од фаворити за трофеј, ама и второ Светско првенство по ред, Шпанците предвреме си одат дома – после осминафиналето.

Откако во 2010 година станаа светски прваци во Јужна Африка, Шпанија на следните три се очајни. Во Бразил испаднаа во групи како актуелни светски прваци, а во Русија и сега во Катар по пенали уште во осминафиналето.

И брзо сеирџиите ја најдоа причината за поразот. Некогаш Андрес Иниеста и Чави Ернандез беа мозокот на тики-така, а нивните наследници, тинејџерското дуо од Барса, Педри и Гави се далеку од тоа. Моментно се – тик-ток! Како алузија на популарната социјална мрежа.