Се појави сензационална вест: Барселона може да биде продадена за десет милијарди евра?!

Во европската фудбалска јавност се појавија информации дека саудискиот принц Мохамед бин Салман ја разгледува можноста за купување на Барселона за неверојатни десет милијарди евра.

Информациите за можно купување на Барселона се појавија во моменти кога Барселона и понатаму се обидува целосно да излезе од финансиската крза.

Сепак, се наведува дека и покрај тоа што станува збор за астрономска сума која може да биде прифатена продажбата не би одела лесно. Барселона функционир по модел на членство во кое секој член има право на глас, па така би требало да се добие мнозинство и поддршка од членоството. Покрај тоа би морале да се направат и промени во фунционирањето на клубот кој на ваков начин работи повеќе од еден век.

Од друга страна за Саудиска Арабија ова би значело дополнително ширање и поголемо влијание во светскиот фудбал.

Засега целата работа е во рамките на шпекулации и нема потврда за евентуални преговори или понуда, па останува да видиме што ќе се случува.