Саудијците потврдија: Алкохол нема да има на Мундијалот во 2034

Министерот на Саудиска Арабија, Халид Банд Ал Суд потврди дека на Светското првенство во 2034 година нема да може да се конзумира алкохол.

Законите во Саудиска Арабија забрануваат алкохол и тоа нема да се промени за Мундијалот на кој оваа земја ќе биде домаќин.

„Овде нема алкохол, ние сме „сува“ земја кога во прашање е климата и алкохолот. Не дозволуваме конзумирање на било какви алкохолни пијалоци, но убеден сум дека може да се забавувате и без тоа. Алкохолот навистина не е неопходен. Ако сакате да пиете, можете слободно кога ќе ја напуштите Саудиска Арабија“, изјави Ал Суд.

Оваа негова изјава значи дека Саудијците нема да прават исклучоци ниту за туристите кои ќе пристигнат да навиваат за Мундијалот.

Најавите е дека Светското фудбалско првенство во Саудиска Арабија ќе се одржи на 15 стадионо во пет градови: Ријад, Џеда, Абха, Ал Кобар и Неом (град кој допрва треба да биде изграден).