![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/12/238158-trojca-mazhi-osudeni-na-zatvor-zashto-go-ucenuvale-semejstvoto-na-mihael-shumaher.jpg?itok=hBnS7k1u)
Тројца мажи осудени зашто го уценувале семејството на Михаел Шумахер
Јилмаз се обидел да изнуди 15 милиони евра од семејството на легендарниот возач со закана дека ќе објави фотографии и видеа од Шумахер по несреќата.
Неговиот 30-годишен син Даниел му помогнал да ги испратат податоците од електорската адреса, додека третиот обвинет до 2021 година работел како обезбедување на семејството.
Јилмаз бил осуден на три години затвор, додека неговиот син е осуден на една година условна казна, а обезбедувањето добило две години условна казна.