Погба бил понуден на калчолигаш, но веднаш добил „корпа“

Францускиот фудбалер Пол Погба е слободен фудбалер, но засега не може да си пронајде нов ангажман, а воедно добил и „корпа“ од еден калчолигаш.

Судот за спортска арбитража во Лозана му ја намали казната по позитивниот допинг-тест, па така Погба се врати на фудбалските терени.

Италијанските медиуми пишуваат дека Погба ѝ бил понуден на Фиорентина, но екипата од Фиренца не сакала да го ангажира.

Погба претходно играше за Јувентус, но пред повеќе од три месеци го прекина договорот со „Старата дама“.