Гвардиола за наследникот на Де Брујне ќе плати 100 милиони евра

Кевин Де Брујне со години е предводник на Манчестер сити, но тренерот Пеп Гвардиола смета дека е време да бара негова замена затоа што Белгиецот наскоро ќе наполни 34 години.

Де Брујне, исто така, има договор до крајот на сезоната, а засега не е потпишана нова соработка, па поради тоа Гвардиола планира да го ангажира Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.

Гвардиола смета дека талентираниот Германец е идеалниот наследник на белгискиот репрезентативец и подготвен е да плати околу 100 милиони евра.

„Фармацевтите“, сепак, би можеле да направат проблем околку отштетата затоа што бараат дури 150 милиони евра за услугите на Вирц.