![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/12/248332-paketa-namerno-dobil-zholt-karton-kako-rodendenski-podarok-za-brat-mu.jpg?itok=GtAYvUrC)
Пакета намерно добил жолт картон како „роденденски подарок“ за брат му!?
Пакета намерно добивал картони во некои натпревари во Премиерлигата, откако претходно на него се обложувале.
Извештајот од 692 страници за обвинувањата откри нови детали. Пакета пред натпреварот против Астон вила наводно му ветил на неговиот брат дека ќе добие жолт картон, како подарок за неговиот роденден.
Околу 60 луѓе се обложувале дека Пакета ќе добие жолти картони на четири натпревари, а тоа било причина да се почне истрага против Бразилецот.
Пакета е обвинет дека добивал жолти картони против Лестер во 2022 година, како и против Астон вила, Лидс и Борнмут во 2023 година.
Вујкото на Пакета, Бруно Толентино знаел за случувањата со фудбалерот, а исто така бил лидер на бандата која е обвинета за местење натпревари во првата и втората бразилска лига.