Мењон со ужасна интервенција му подари гол на Феенорд (ВИДЕО)

Феенорд води со 1-0 против Милан во првиот меч од плејофот во Лигата на шампиони (ЛШ), откако голманот Мајк Мењон имаше ужасна интервенција.

Игор Паишао испрати удар кон поблиската статива на Мењон, но чуварот на мрежата реагираше катастрофално и топката заврши во неговата мрежа.