Магдебург го „нокаутира“ Кјелце и освои важни бодови во ЛШ

Ракометарите на Магдебург остварија важна победа против Кјелце (29-25) во 11. коло од Лигата на шампиони (ЛШ) и освоија нови бодови во трката за нокаут-фазата.

Магдебург беше одличен во првото полувреме и на паузата замина со шест голови предност (16-10), додека во вториот дел Кјелце се обидуваше да ја врати неизвесноста, меѓутоа не успеа во намерата.

Со оваа победа Магдебург скокна до петтата позиција и има девет бодови, односно зад себе ги остави Кјелце и Колштад со по осум поени.