Георгиевски освои сребрен медал на еден од најсилните турнири во светот

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски имаше одличен почеток на новата сезона, откако освои сребрен медал на еден од најсилните турнири во светот, Турција Опен Г2.

Георгиевски обезбеди важни поени за олимписка норма со три победи над репрезентативци на Турција, Узбекистан и полуфинале против еден од најдобрите таеквондости во светот Хамидреза Бадријалијабади од Азербејџан.

Таеквондистот во финалето доживеа тесен пораз од репрезентативецот од Узбекистан, Марат Мавловов со 1-2.