Клуб Бриж со гол од пенал во 94. минута ја совлада Аталанта (ВИДЕО)

Фудбалерите на Клуб Бриж триумфираа против Аталанта со 2-1 во првиот меч од плејофот во Лигата на шампиони (ЛШ).

По само 15 минути игра Феран Хутгла стрелаше во мрежата на гостите од Бергамо за водство од 1-0, по што Марио Пашалиќ во 41. минута стрелаше за израмнување (1-1).

Во второто полувреме се водеше израмнета борба на теренот, а повеќе среќа во финишот имаше Клуб Бриж, кој доби пенал во 94. минута, а истиот го реализира Густаф Нилсон за победа од 2-1.

Реваншот меѓу Аталанта и Клуб Бриж е закажан за 18 февруари од 21 часот.