Тарковски погоди за ерупција на „Гудисон“: Евертон ремизира против Ливерпул (ВИДЕО)

Поранешниот англиски шампион Ливерпул испушти победа во градското дерби против Евертон на „Гудисон Парк“ (2-2) во заостанатиот меч од 15. коло во Премиерлигата.

Бето по само 11 минути им донесе предност на „карамелите“, но само пет минути подоцна Мек Алистер искористи невнимание на одбраната на ривалот и погоди за 1-1.

Ливерпул стигна до целосен пресврт во 73. минута, кога Салах се запиша во листата на стрелци, меѓутоа во судиското надополнување Тарковски погоди за конечни 2-2.

Екипата на тренерот Арне Слот е прва со 57 бодови по 24 одиграни кола, по што следи Арсенал со 50 поени, додека Евертон остана на 15. позиција со 27 бода.