Перез пресреќен: Го купив пет милиони, а сега вреди 300 милиони евра!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е задоволен од составот кој го има неговата екипа, а посебно е импресиониран од Федерико Валверде.

Валверде во изминатиот период има неверојатни настапи, а за тоа имаше пофални зборови и Перез.

„Валверде вреди најмалку 300 милиони евра, неговиот ангажман е непроценлив“, кажа Перез.

Уругваецот пристигна од редовите на Пенарол за пет милиони евра, но неговата вредност драстично се зголеми во претходните години.