
Сари пред враќање во клубот со кој имаше успех
Иако е јасно дека Барони ќе го напушти тимот во следниот период, римскиот клуб разгледува неколку потенцијални имиња, но враќањето на Сари станува сè пореална опција.
Искусниот стратег, кој го предводеше Лацио три години е без ангажман веќе една година и тоа од моментот кога се повлече од клупата на римскиот клуб поради приватни причини. И покрај тоа што не освои трофеи, Сари го предводеше тимот до второто место во Серија А, избори пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите и генерално го подигна нивото на игра и професионалност во клубот.
Сега, Лацио наводно му нуди нов двегодишен договор со годишна плата од 2.8 милиони евра, но останува да се види каква ќе биде одлуката на италијанскиот стратег.
Покрај Сари, како потенцијални кандидати се спомнуваат и имињата на Сержио Консеисао и Мирослав Клосе.
Фото: S.S.Lazio/X