
С. Арабија ќе направи напор СП 2034 да се игра на лето и покрај пеколните температури! (ВИДЕО)
Мундијалот во Катар се играше зимно време со цел да се избегнат пеколните температури кои ги има во летниот период во овој дел од светот.
Но, од Садусика Арабија велат дека тоа не значи дека и Светското првенство на кои тие се организатори ќе се игра на зима.
Абдулазиз бин Турки Ал Фајсал вели дека сериозно ја разгледуваат можноста за организација во вообичаениот летен термин. Веројатно се испитува можноста за климатизирање на стадионите.
Тој тврди дека ќе се почитуваат работничките права за разлика од ситуацијата која беше во Катар, е ќе се внимава и на човековите права.