Русинче како Марадона: Го ископира најславниот гол на Аргентинецот (ВИДЕО)

Духот на аргентинскиот великан Диего Марадона како да влезе викендов во 13-годишниот Русин, Серхеј Пинајев, кој на меч за својот Черетаново постигна гол ист како Аргентинецот и тоа оној најславниот – кога ја мина цела англиска дефанзива за да го даде најубавиот гол во историјата на Мундијалите.

Пинајев успеа да помине седум фудбалери, ги дриблаше речиси од почетокот на противничката половина, а само не успеа да дојде до голманот за да го мине и него, ама успеа да го совлада со удар од десетина метри.

Еве како изгледаше епскиот гол на Диего против Англичаните во Мексико.