Керик го чека пеколно тешко деби на клупата на Јунајтед!

Манчестер јунајтед вчера го промвираше Мајкл Керик за нов привремен менаџер, а поранешниот англиски репрезентативец уште на дебито ќе го чека тешка задача.

Имено, првот натпревар со Керик на клупата Јунајтед ќе го има на в сабота на 17-ти јануари и тоа против градскиот ривал Манчестер сити на „Олд Трафорд“. 

Веќе е познат и стручниот штаб кој ќе му помага на Керик и тоа е: Стив Холанд, Џонатан Вудгејт, Џони Еванс и Тревис Бинион.

Договорот предвидува 44-годишниот поранешен англиски репрезентативец да ги води „црвените ѓаволи“ до крајот на актуелната сезона во која Јунајтед ќе игра само во Премиер лигата.

По 21 одиграно коло, „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на седмата позиција на табелата во Премиер лигата со 32 освоени бодови.