Македонија победи и на генералката пред Данска!
Нашата репрезентација првенството го започнува в петок и тоа против селекцијата на Данска која сигурно ќе важи за фаворит во дуелот.
Сепак, избраниците на Лазаров влегуваат во дуелот со добра атмосфера и сигурно ќе дададат максимум.
Денеска најефикасен во нашите редови беше Филип Кузмановски со шест гола, го следеа Митев и Серафимов со по пет, а четири гола постигна Костески.
Натпреварот со Данска го играме во терминот од 20:30 часот, а во нашата група се уште селекциите на Португалија и Романија.
