Борусија рутински го доби Вердер и продолжи да го „брка“ Баерн
Победата на Борусија ја најави Шлотербек со гол во 11-тата минута и тоа беше единствениот погодок во првиот дел.
„Милионерите“ константно беа подобриот тим на теренот, но и гостите знаеа да се заканат. Победата Борусија ја потврди со головите во 76-тата и 83-та минута, стрелаа Сабицер и Гираси.
Во вториот дуел во истиот термин, Мајнц беше подобар од Хајденхајм со 2-1, претходно Штутгарт во ефикасен натпревар славеше над Ајнтрахт со 3-2. Дуелот помеѓу ХСВ и Леверкузен беше одложен.