Драма во Рим: Торино со гол во 90. минута ја елиминираше Рома! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Торино приредија изненадување и ја елиминираа Рома во осминафиналето од Купот на Италија славејќи победа во Рим со 3-2

Двете екипи одиграа изедначен натпревар во кој на крајот гостите од Торино беа поефикасни пред голот и ги освоија трите бода.

Резултатот го отвори Адамс на десетина минути пред крајот на првото полувреме и со тој гол Торино замина со водство на паузата.

Рома преку Хермоо се врати уште на стартот од вториот дел, сепак Адамс повторно стапи на цена и со гол во 52. минута за нова предност за гостите.

Не се откажа „волчицата“ успеа и да израмни на десет минути до крајот. Но, тоа не се покажа како доволно затоа што Илкан во 90-тата минутаа се погрижи за триумф на Торино.