Турска легенда збесна - го бркаше судијата, па се степа со својот помошник! (ВИДЕО)

Во натпреварот од Купот на Турција помеѓу Газиантеп и Кочаелиспор каде што настапува македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов  дојде до бурна реакција на поранешниот турски голгетер, Бурак Јилмаз.

Имено Јилмаз кој денес е тренер на Газиантеп ги загуби нервите уште во 14-тата минута и бурно реагираше. Тој прво го нападна помошникот судија, а потоа и сопствениот помошен тренер. Секако потоа и заслужено беше исклучен.

Газиантеп сепак победи со 1-0, Чурлинов на теренот беше до 77. минута од натпреварот.