Каков играч доби Пеп: Семењо херој за Сити против Њукасл! (ВИДЕО)

Maнчестер сити со предност ќе го дочека реваншот против Њукасл во Лига Купот на својот терен откако денеска на гости победи со 2-0.

Најзаслужен за победата на „граѓаните“ беше Антоан Семењо кој веќе на вториот натпревар за тимот на Пеп Гвардиола го постигна вториот гол.

Во првото полувреме иако видовме по некоја прилика на двете страни мрежите мируваа. Се играше 53. минута кога Антоан Семњо го искористи додавањето од Бернардо Силва и ја затресе мрежата.

Семењо погоди и во 63. минута, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Конечниот резултат беше поставен во последните моменти од натпреварот кога погоди Черки, а Семењо одигра голема улога и во акцијата за овој гол.

Вториот натпревар помеѓу овие две екипи е закажан за на 4 февруари.