Белингам првпат се огласи по отказот на Алонсо: Какви се овие го*на! (ФОТО)
За англискиот репрезентативец се пишуваше дека е еден од оние фудбалери кои биле во конфликт со Алонсо и излгеда дека тие тврдења и му здосадија.
Тој се огласи преку неговата апликација каде што објави фотогрфии од ваквите вест додавајќи:
„Досега дозволив премногу од овие (сликите) да се појават, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина во свое време. Но искрено, какви се овие го*на. Навистина ми е жал за луѓето што веруваат на секој збор на овие кловнови и нивните „извори“. Не верувајте во се што ќе прочитате, овие треба да одговараат за ширење на секаков вид на штетни дезинформации за кликови и да предизвикуваат дополнителна контроверзност“, стои во објавата на англискиот репрезентативец.
Ќе потсетиме, Реал по заминувањето на Алонсо, го презема Алваро Арбелоа.


