Керик: Знам што треба за успех на Манчестер јунајтед
Керик во дресот на Јунајтед одигра 464 натпревари и освои пет титули во Премиер лигата, ФА куп, два Лига купа, Лигата на шампионите, Лига Европа, како и Светското клупско првенство на ФИФА.
По завршувањето на играчката кариера во 2018 година, тој стана дел од стручниот штаб на првиот тим, работејќи со Жозе Мурињо и Оле Гунар Солшер. По заминувањето на Солшер, Керик ја водеше екипата како привремен тренер, а од клубот истакнуваат дека одлично ја завршил задачата.
Последен ангажман поранешниот англиски репрезентативец имаше во Мидлсброу, каде што беше тренер две и пол години, од октомври 2022 година до изминатиот јуни.
„Чест ми е што ја преземам одговорноста да го водам Манчестер јунајтед. Знам што е потребно за да се работи успешно тука и мојот фокус е да им помогнам на играчите да ги достигнат стандардите што се очекуваат во овој неверојатен клуб, стандарди за кои знаеме дека оваа група е повеќе од способна да ги исполни“, изјави Керик.