Роналдо се исплаши од ИСИС и во Русија ќе патува со - „ѕверови“!

Ѕвездата на Реал Мадрид и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, сериозно се исплашил од заканите кои терористичката организација ИСИС ги испрати кон него и Лионел Меси поради што ангажира приватно обезбедување за време на претстојниот Мундијал во Русија.

За неговата безбедност ќе се грижат поранешниот ултимејт-фајт борец, Гончало Салгадо и воениот специјалец Нуњо Марекош. Ова не е првпат Роналдо да се реши на ваков чекор, со оглед што за неговата безбедност на претходниот Мундијал во Бразил се грижеа дури 50 луѓе, меѓу кои и неговиот близок пријател, Мароканецот Бадр Хари.

Тој нема да го придружува во Русија, но затоа Салгадо и Марекош, кои се окарактеризирани како „невидени ѕверови“, ќе го следат во секој чекор. Засега не е познато дали слични мерки ќе преземе и Меси, кој исто како и Роналдо е потенциран како евентуална мета на терористички напад од страна на ИСИС.