Роналдо постави уникатен рекорд, но ја загуби битката за трофеј (ВИДЕО)

Екипата на Ал-Ахли е освојувачот на Саудискиот Суперкуп откако во пенал серија го совлада Ал Наср, претходно во регуларниот дел беше 2-2. 

Резултатот го отвори Кристијано Роналдо во 41-минута со гол од пенал, а со овој погодок, Португалецот постави и уникатен рекорд. Имено, тоа беше 100-ти гол за Роналдо во Ал-Наср со што стана првот фудбалер кој постигнал најмалку 100 гола во четири различни клуба, претходно тоа му успеа во Манчестер јунајтед, Јувентус и Реал Мадрид.

За израмнување длабоко во судиското продолжение од првиот дел се погрижи Франк Кеси.

Тој резултат беше актуелен се до завршницата кога Брозовиќ го доведе Ал-Наср во водство, но само седум минути подоцна Ибанез стрелаше за израмнување.

Во пенал серјата, единствен кој не реализираше за Ал-Наср беше Ал Каибари и тоа се покажа како доволно за Ал-Ахли да дојде до триумф.

Фото: AlNassr/FC