„Робињо и Алвеш? Некој да ѝ го направеше тоа на мојата ќерка, денес не би давал интервју“

Поранешниот бразилски фудбалер, Фелипе Мело ги прокоментира случаите на Робињо и Дани Алвеш.

Робињо треба да издржи затворска казна од девет и пол години поради групно силување на 22-годишна девојка во Милано.

Дани Алвеш веќе помина една година и два месеци во затвор, а осуден е на четири и пол години поради силување на девојка во ноќен клуб во Барселона.

Случаите за бразилските медиуми ги прокоментира Фелипе Мело кој играше и со двајцата во репрезентацијата.

„Никој нема право да зборува на оваа тема, но не гледам проблем сега да дадам коментар. Имам 15-годишна ќерка. Ова да ѝ се случеше неа, сега не би бил тука да го дадам ова интервју. Луѓето треба да се почитуваат, без разлика дали се машки или женски“, рече Мело.