
Репрезентација која води битка за СП е пред суспензија од ФИФА
Замбија е во баражот за пласман на Мундијалот во 2026 година, но ФИФА би можела да ја суспедира. Во јавноста претходно се појави информација дека причина за суспензијата може да биде тоа што оваа селекција неодамна одигра пријателски натпревар со Русија, но не е така.
Причината е поради мешањето на политиката во фудбалот во оваа земја. Во февурари претсседателот на Фудбалскиот сојуз на Замбија, Адрју Каманга доби трет мандат без никакви проблеми бидејќи сите дурги осум кандидати беа дисквалификувани.
Набрзо беше откриено дека дисквалификацијата на четворица е неисправна, па поради тоа тие беа и поништени. Новиот круг на изборите би требало да се оджри помеѓу 15 и 29 март.