
Реал продолжи со иста стратегија: Раул го замени уште една легенда
Арбелоа зад себе има 238 натпревари за првиот тим на „кралскиот клуб“ со кој освои и две титули во Лигата на шампионите. По завршувањето на кариерата Арбело веднаш започна со работа во академијата на Реал Мадрид. од активната игра, тој стана дел од тренерските структури во младинската школа на Реал.
Прво работеше со тимот до 13 години, следната година беше тренер на У15 генерацијата, а од 2022 година успешно го водеше младинскиот состав.
Со овој потег шпанскиот гигант само ја потврди својата стратегија помладите категории да назначува имиња кои добро ја познаваат филозофијата на клубот. .