Претседателот на Бока разочаран: Треба да се срамиме од вакви работи...

Претседателот на Бока јуниорс, Даниел Анхеличи е разочаран затоа што група навивачи го уништи уживањето на останатите 60.000 гледачи, кои го очекуваа реваншот на дуелот од Копа Либертадорес на стадионот „Монументал“.

Навивачите на Ривер го каменуваа автобусот пред стадионот, по што беа повредени неколку фудбалери на Бока, а натпреварот беше одложен за денеска.

„Очекувавме прослава. Ова е тажен настан за сите нас. Сакам да им се заблагодарам на Ривер и КОНМЕБОЛ, кои прифатија одложување на мечот. Не сакавме да играме со повредени фудбалери. Треба да се срамиме од вакви работи. Цел натпревар го очекуваше мечот, а само неколку навивачи го уништија спектаклот“, кажа претседателот.

Инаку, Суперкласико треба да се игра вечерва од 21 часот. Да потсетиме, првиот натпревар заврши 2-2 на „Бомбоњера“.