Повеќе нема дилеми: ПСЖ добива засилување од 67 милиони евра

Aктуелниот европски шампион Пари Сен Жермен во новата сезона ќе биде посилен со Илија Забарњи кој пристигнува од Бормут за сума од 67 милиони евра.

Забарњи зад себе има фантастична сезона во Бормут кој беше едно од изненадувањата на сезоната во Премиер лигата, а добрите настапи му го донесоа и најголемиот трансфер во кариерата.

Лекарските пегледи Забарњи ќе ги помине на почетокот на наредната недела, а потоа и ќе стави потпис на петгодишен договор со францускиот гигант.

Фото: AFC Bournemouth /X