
Поранешниот европски шампион со Шпанија објави крај на кариерата
Негредо од професионалното играње фудбал се повлекува на 39 години, а негов последен клуб беше Реал Ваљадолид за кој настапуваше во претходната сезона. За репрезентацијата на Шпанија одигра 21 натпревар и не постигна ниту еден гол, но во 2012 година стана европски шампион.
Како фудбалер на Манчестер сити успеа да ја освои Премиер лигата, кратко беше и во Реал Мадрид, додека најдобрите денови на индивидуален план ги помина во Севиља за која од 2009 до 2013 година одигра 180 натпревари и постигна 85 погодоци.
Во кариерата настапуваше уште за: Алмерија, Валенсија, Мидлзброу, Бешикташ, Ал Наср од Дубаи и Кадиз.