Поранешен фудбалер на Партизан се обидел да се самоубие!
Бразилецот, кој играше за белградските црно-бели во сезоната 2016/2017 стана миленик на навивачите. Сепак, работите не се баш сјајни за фудбалерот надвор од теренот, бидејќи на социјалните мрежи призна дека сакал да се самоубие. Леонардо долго време се бори со депресија, но вели дека во последен момент се откажал од самоубиство.
„Одлучив да ја споделам мојата болка со вас. Помина речиси цела година жртвување. Сам ја носев својата болка. Минав месеци во мачење и фрустрација. Знаев колку е опасно и се обидоа да ми помогнат, ништо не се случи. Низ сè што поминав, беше обид да им помогнам на оние кои највеќе ги сакам. Не сакам да навлегувам во детали, но бев многу близу да се откажам од сè. Тогаш Бог ми се обрати! Ми рече дека не е време да престанам, дека вистинските шампиони на крајот секогаш завршуваат на врвот. Претседателот на клубот ми помогна многу. Му благодарам. Денеска почнувам со нова приказна“, напиша Леонардо.
Фудбалерот од средниот ред моментално настапува за тимот на Шабаб Ал-Ахли во Дубаи.