Полски клуб купи репрезентативец на Сенегал со криптовалута

Трансферот на 20-годишниот Ибрахим Секе од Раков од Честахов веројатно не би привлекол преголемо внимание на јавноста да не издвојуваше по еден детал во однос на останатите трансфери оваа зима.

Имено, полскиот клуб го доведе од локалниот клубот Горе од Сенегал, но место со пари го платија со криптовалута.

Засега не е познато колку изнесувала вредноста на трансферот, но ова не е прв плсучај бидејќи во 2017 година Омар Фарук Кироглу турскиот третолигаш Харунстаспор го плати со биткоини.

Инаку, Секе е фудбалер кој неодамна доби повик и во сениорската репрезентацијан а Сенегал, но досега не забележал деби настапи. Претходно го носеше дресот на селекцијата на „лавовите“ до 20 години.