Платените навивачи во Катар пеат за кој сакате за – 10 долари дневно и три оброка!

Настрана што потрошија многу милијарди за изградба на инфраструктурата за СП 2022, домаќинот Катар реши да купи илјадници навивачи за да ги наполни стадионите, па најголем дел од Бангладеш се „платените навивачи“ за да прават атмосфера во земјата, иако треба да дојдат и вистински од земјите учесници.

Платените навивачи веќе облекоа дресови на најголем дел од репрезентациите, па ја создаваат мундијалската еуфорија, ги дочекуваат селекциите за кои треба да навиваат. Сликите од Катар се урнебесни, кога ќе се појават овие навивачи.

И сега откриено е за колку пари, тие се ангажирани од Катар за да навиваат. Дневно добиваат по 10 долари, имаат три оброци и бесплатно сместување, нормално и влезници за мечевите и за секторите на трибините каде треба да пеат за репрезентацијата за која навиваат.