Пике и Шакира наскоро ќе станат сопственици на уште еден клуб

Фудбалерот на каталонскиот гигант Барселона, Жерард Пике, заедно со својата сопруга, колумбијската пејачка Шакира, имаат намера да купат нов клуб.

Според пишувањата на „Blick.ch“, Шакира и Пике планираат да го купат швајцарскиот прволигаш Лугано, кој и онака сака да го продаде сегашниот претседател Анџело Рензети.

Шпанскиот дефанзивец постојано ги вложува своите пари во нови проекти, а покрај оној кој го поседува (Андора), има своја компанија за видео игри, инвестициски фонд, очила за сонце, спортски пијалоци, итн...

Сè уште нема информации за тоа колку Шакира и Пике се спремни да му платат Рензети за сопственоста на седмопласираниот тим во швајцарската Суперлига.