
Палестинец е херој на денот – со хет-трик го елиминира Порто од СКП!
Египетскиот клуб не успеа да обезбеди пласман понатаму, но настапот на палестинскиот напаѓач го одбележа досегашниот дел од турнирот во САД. Али е роден во Данска, но лани реши да настапува за Палестина, земјата на неговите родители, а важи за најдобар стрелец во египетската лига Тој првиот гол на синоќешната пресметка го постигна во 15. минута по додавање од Хамди Фати, во судиското надополнување од првото полувреме реализира од пенал, а на самиот почеток во второто со глава го постигна и третиот погодок.
За Порто ова значеше крај на настапот на СКП, откако Интер Мајами и Палмеирас одиграа со резултат 2-2, кој на двата тима им донесе осминафинале.
ФОТО: EPA PHOTO