
Откриено кога и каде ќе биде погребан Марадона
Ковчегот беше поставен во претседателската палата, а таму граѓаните имаат можност да се збогуваат за последен пат со еден од најдобрите фудбалери во историјата.
Портпаролот на Марадона, Себастијан Бјанки им откри на новинарите кога и каде ќе биде погребан легендарниот Аргентинец.
„Погребот ќе се одржи денеска попладне во периферија на Буенос Аирес во ‘Градината на мирот’, каде што се погребани неговите родители“, соопшти портпаролот.
Аргентина претходно прогласи тридневна жалост поради смртта на Марадона.