Официјално: Жорди Алба им се придружи на Меси и Бускец во Интер Мајами (ВИДЕО)

Тоа што беше јасно и сѐ договорено уште пред неколку дена, Интер Мајами и официјално вечерва го претстави и третото големо засилување, Жорди Алба, долгогодишниот дефанзивец на Барселона.

Алба им се придружува на своите големи пријатели Лионел Меси и Серхио Бускец, кои беа промовирани пред пет дена на Флорида, а екс-барселоновото трио е надополнето и со бившиот тренер на Каталонците, Аргентинецот Херардо „Тата“ Мартино, кој е нов кормилар.

Според најавите Луис Суарез е близу да им се придружи, но засега пречка е како да се раскине договорот на Уругваецот со Гремио, за да се отвори патот кон доаѓање во Мајами, а и легендарниот Андрес Иниеста е близу до доаѓање откако ја заврши јапонската авантура во Кобе.