Новото правило на ФИФА на дело: За првпат искористен зелен картон

На Светското првенство за фудбалери до 20 години кое започна викендов во Чиле го видовме и новото правило на ФИФА со зелен картон со кој тренерот има право да реагира на некоја одлука на судијата.

На натпреварот помеѓу Шпанија и Мароко, селекторот на Мароканците во 78. минута откако судијата досуди пенал за Шпанците го подигна зелениот картон. Тоа значеше дека главниот судија мора да ја прегледа снимката. На крајот таа реакција и му се исплатеше затоа што по прегледот пеналот беше поништен, а шпанскиот фудбалер заработи жолт картон за симулирање.

Стануваа збор за нешто слично како „челинџот“ во тенисот, тренерите на ваква реакција ќе имаат право по еднаш во едно полувреме. Исто така ќе може да се користи само во клучни ситуации: Потенцијален пенал, црвен картон, постигнат гол или идентификување на фудбалер.

Според најавите ФИФА по тестот на ова првенство ќе направи анализа дали ова правило ќе продолжи да се користи и во другите натпреварувања.