Падна важен потпис во Барселона: Клаузулата е пола милијарда евра

Откако Барселона викендов го искористи поразот на Реал Мадрид во градското дерби и го презема врвот во Ла Лига, сега пристигна уште една одлична вест за навивачите.

Имено, младиот фудбалер од средниот ред, Марк Бернал стави потпис на нов договор кој ќе има важност до 2029 година. Исто така во него има и откупна клаузула која ќе изнесува 500 милион евра.

Минатата сезона Бернал во првите натпревари покаажа голем потенцијал, но потоа дојде тешката повреда поради која долго време отсуствуваше од терените. Сега е подготвен и се бори за место во тимот на Флик.

Бернал има само 18 години и во целата своја досегашнаа кариера е дел од Барселона.

Фото: Barcelona FC