Вардар брка нова победа во Куманово, Струга сака да остане непоразена!

Осмото коло од Првата лига продолжува денеска со највозбудливиот натпревар во оваа етапа – Башкими на свој терен во Куманово го пречекува Вардар.

Дуелот е оценет како меч со висок ризик, спортскиот директор на клубот го нарече ривалот Миравци, а интересот е огромен поради формата на двата тима и значењето на бодовите. Вардар, кој е без пораз во последните 25 натпревари на домашната сцена, во Куманово пристигнува со јасна цел – нова победа.

„Ние секогаш одиме на три бода, без разлика на противникот. Башкими е сериозен домаќин, атмосферата ќе биде врела, но Вардар е подготвен“, изјави левиот бек Михаил Маневски.

Новакот во елитата веќе приреди неколку изненадувања и славеше против Работнички, Силекс и Пелистер. Напаѓачот Марко Симоновски верува дека домашниот терен и поддршката од публиката ќе бидат клучни за нов подвиг.

„Имаме млад и амбициозен тим кој може да му се спротивстави на фаворизираниот противник“, порача тој.

Покрај дербито во Куманово, денес внимание привлекува и натпреварот во Струга, каде што домашниот состав, кој исто така е непоразен, го пречекува Пелистер со амбиција да се врати на врвот од табелата.

„Секој меч го подготвуваме на ист начин, без потценување. Единствена цел ни се трите бода“, изјави тренерот Бледи Шкемби.

Двата меча почнуваат од 15 часот.