
Даниела Алексовска утре ќе се бори во полуфиналето на СП
Алексовска ќе се соочи со противничката од Азербејџан, Нармин Алиева, а терминот на борбата е девет часот по македонско време.
Во борбата Алексовска влегува по само 15 дена од претходната кога во Скопје во настанот на Армада славеше против Романката Лаида Флочеа.
Утрешната борба ќе биде пренесувана и во живо на каналот „Арена Фајт“.