Синер ептен лесно ја продолжи борбата за 750.000 долари на турнирот во Пекинг!

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер, се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг, совладувајќи го Унгарецот Фабијан Марошан (6-1, 7-5).

Дуелот траеше 81 минута, а вториот светски рекет имаше целосна контрола против 57. тенисер на АТП-листата. Синер уште во третиот гем од првиот сет го одзеде сервисот на противникот и со уште два брејка го реши сетот за само 27 минути. Марошан во вториот сет се врати со посилна игра и во деветтиот гем направи брејк за водство, но Италијанецот веднаш возврати и со серија на добри потези го затвори мечот во своја корист.

Синер во полуфиналето ќе се сретне со Австралиецот Алекс де Минор, кој без игра обезбеди место меѓу најдобрите четворица, откако Чехот Јакуб Меншик се повлече поради повреда. Преостанатите четвртфинални двојки се Лоренцо Музети – Лернер Тијен и Александер Зверев – Данил Медведев. Турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од 4.016.050 долари, додека победникот ќе добие 750.000 долари.

ФОТО: X / @janniksin