
Почнаа сомнежите во Чаби Алонсо: Два дерби дуела, девет примени гола и две катастрофи
Почетокот не е лош, на 14 официјални натпревари, Чаби оствари 11 победи, но двата пораза се тие кои отворија сомнеж и кај навивачите и кај шпанските медиуми наклонети на Реал. На Светското првенство, Реал ремизираше со Ал Хилал, а загуби од ПСЖ во полуфиналето, додека во новата сезона, првиот неуспех го доживеа во саботата против Атлетико.
Навивачите веднаш реагираа дека Чаби Алонсо ги загубил двата дуела против нешто посилни ривали – ПСЖ и Атлетико што значи дека тој, а и Реал се уште не се дораснати за високи достигнувања. На овие два натпревара, мадридскиот тим не само што загуби, тукуи претрпе катастрофи, со вкупно девет примени голови (0-4 и 2-5).
Дополнителен проблем прават повредите на почетокот од сезоната, а и заморот кај фудбалерите кои практично немаа одмор од почетокот на ланската сезона. На еден месец пред Ел Класико, Реал е без десен бек бидејќи Александер Арнолд и Карвахал се повредени. Веќе идниот викенд тимот на Чаби Алонсо го очекува тежок дуел против Виљареал кој одлично ја почна сезоната, а потоа во период од еден месец претстојат дуели со Јувентус, Барселона, Валенсија и Ливерпул.