
Де Брујне се изнервира зашто беше заменет со нашиот Елмас – Конте го нападна (ВИДЕО)
Белгискиот ас, кој претходно го постигна единствениот гол за наполитанците од пенал, не го сокри револтот од одлуката на својот тренер.
„Пробав да внесам свежи сили затоа што Милан се повлече, а ни требаше нешто ново. Сметам дека тоа беа вистинските измени во тој момент. Се надевам дека Де Брујне беше незадоволен од резултатот, бидејќи ако имал проблем со нешто друго, тогаш го има со погрешна личност“, порача Конте по натпреварот.
Милан ја изгради предноста преку Алексис Салемакерс и Кристијан Пулишиќ уште во првиот дел, а Наполи и покрај тоа што повеќе од половина час играше со играч повеќе, не успеа да израмни. Конте призна дека неговиот тим има проблеми во одбраната:
„Не е лесно да примите гол по само четири минути на ‘Сан Сиро’. Сепак, игравме со висок пресинг и создававме шанси, но примаме премногу голови во последно време. Одбраната отсекогаш ни била најголема сила и мора повторно да ја стабилизираме“, додаде тренерот на Наполи.